DAAD

DAAD

Стипендии за кандидати од областа на медицината

Стипендии за кандидати од областа на медицината


За овој вид на стипендија може да аплицираат веќе дипломирани кандидати, чија диплома од додипломски студии не е постара од 6 години, како и апсолвенти.

ДААД не нуди стипендии за специјализација во Германија, туку само за постдипломски студии или испражувачки престој (1-10 месеци). 


- Поголемиот број на студиски програми кои се нудат во Германија во областа на медицината не се влезени во болоњскиот систем, така што за постдипломски студии може да аплицираат оние кандидати кои се заинтересирани за програми кои се структурирани по болоњскиот систем, а тие се најчество во областа на менаџментот во здравството, јавно здравство, невронаука и сл. Доколку аплицирате за постдипломски студии од овие неколку насоки, тогаш за аплицирање важат упатствата документите наведени под точката: Постдипломски студии во Германија.


- За истражувачки престој може да се аплицира како апсолвент или веќе дипломиран кандидат, потребно е да се има остварено конктакт со германска универзитетска клиника и експозе, проект на истражувачкиот/работниот престој. Потврдата од универзитетската клиника или институт мора да се достави заедно со другите документи.


Кандидатот сам бара и бира што и каде би сакал да студира во Германија, услов е да се работи за студиска програма, која почнува во зимскиот семестар наредната година, да не е онлајн програма и студиите да се одвиваат само во Германија, односно ако дел од семестар се престојува вон Германија, тој престој не треба да биде подолг од 25% од вкупното времетраење на студиите. За пребарување на факултети може да Ви помогне следниов линк:






За да се аплицира за стипендија од ДААД, првиот чекор е кандидатот сам да најде студиски програми во Германија (до 3), каде што би сакал да ги продолжи своите студии и да ги контактира (особено важно доколку областа на студии се разликува од завршените студии) за да добие потврда дека ги исполнува условите за запишување на постдипломски студии таму. Одговорот оттаму следува во вид на официјална потврда за подобност или пак потврда по е-пошта. 

Целиот процес за аплицирање и комуницирање (добивање на е-пошта, одговори или барања) се одвива преку https://portal.daad.de КОПИРАЈТЕ ГО ЛИНКОТ !!! ите документи од апликацијата освен препораката/препораките од професор мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de), 



!!! https://www.daad.de/sapportal/hilfe/hb_download/en.html - инструкции како се користи порталот !!! 


По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (Application Summary/Bewerbungszusammenfassung).


За да апликацијата Ви е комплетна морате следните документи да ги прикачите онлајн во  во pdf. формат на порталот: 

1. Формулар од интернет - Application form (овој формулар ќе го добиете по вашата регистрација на ДААД-порталот и откако ќе ги следете неколкуте чекори)

2.  Биографија/CV (не постои конкретен формат)

3.  Мотивациско писмо (не повеќе од 3 страни)

4.  Експозе

5.  План со временска рамка за истражувачкиот престој

6.  Покана/Потврда од институцијата во која ќе се врши истражувањето

7.  1 актуелна препорака од професор од факултет - пополнет формулар: http://www.daad.de/imperia/md/content/de/foerderung/recommendation.pdf (препораката е единствениот документ кој не се прикачува на порталот, се доставува одделно во затворен коверт; актуелна верзија на формуларот може да најдете на порталот по регистрирањето)

8.  Уверение од факултет со оценки за положени испити (обична копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар


9.  Диплома за завршено средно образование/матура (обична копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар


10.  Потврда за познавање на германски и англиски јазик (потврда од посетуван курс во приватно училиште за странски јазици, потврда од професор/ка на факултет, доколку сте слушале германски/англиски јазик и нема официјален модел на потврда)


11. други потврди, сертификати, препораки (пракса, работа и сл.) (обична копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар.


*Доколку аплицирате за стипендија за втората година од студиите, ги доставувате истите документи, при што наместо информации за трите избрани програми, потребни се информации за програмата каде што сте веќе запишани и потребна е потврда дека сте веќе примени на факултет!!!


За какви било технички проблеми, ве молиме контактирајте ја техничката служба: portal@daad.de !!!


Стипендијата покрива месечен надомест за стипендистот од 850,- Евра, здравствено осигурување и патни трошоци до 250,- Евра.


Доколку вашите студии се на англиски јазик и немате познавање на германски јазик воопшто или пак под А2 ниво, тогаш потребно е да дојдете во нашата канцеларија, за да лекторката Ви издаде документ (секако со претходно најава за посета). За студентите кои имаат познавање на германски јазик над А2 ниво се одржува тестирање OnDaF + OnSeT. За студентите кои ќе студираат на германски, а немаат официјална диплома и за нив ќе има OnDaF тестирање.
Што се однесува до официјалните сертификатите за познавање на јазик, кои ги бара факултетот, за апликацијата за стипендии не е неопходен, но пожелен, при контактирањето со факултетот прашајте каков вид на сертификат и со кое ниво на познавање на јазикот би Ви барале кога би дошол моментот на аплицирање кај нив.


Неколку технички упатства:

- документите не треба да се хефтаат, нити поврзуваат со спојки.
- копиите/скеновите на документите треба да се еднострани и на формат А4 (ова важи особено за дипломата за завршено средно образование, не треба да е на А3 формат, преклопена, туку секоја страна од дипломата да се ископира/скенира на А4, еднострано)
- документите можете да ги доставете во еден, два или три коверти

Рокот за аплицирање за стипендиите кои ги доделува ДААД за постдипломски студии е од 15. септември до 15. ноември секоја година и се однесува за следната академска година. 

Информациите кои се наведени овде може да подлежат на измени, така што Ве молиме да се информирате на https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?status=1&origin=74&subjectGrps=A&daad=&intention=&q=&page=3&back=1