DAAD

DAAD

Научно-истражувачки престои за професори

Научно-истражувачки престои за професори

За овој вид на стипендија може да аплицираат професори од високо-образовните институции, кои се заинтересирани за истражувачки престој во времетраење од 1-3 месеци на некој факултет или истражувачки институт во Германија.


За пребавување на студиски програми во Германија на линковите подолу  www.funding-guide.de,

Називот на стипендијата, којшто треба да го барате на порталот и подетални информации на англиски и германски јазик на следните линкови: 
(1. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=5&origin=74&subjectGrps=A&daad=1&q=&page=1&detail=50015456,   
2. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=50015456&origin=74&page=1&q=&status=5&subjectGrps=A)


Целиот процес за аплицирање и комуницирање (добивање на е-пошта, одговори или барања) се одвива преку https://portal.daad.de КОПИРАЈТЕ ГО ЛИНКОТ !!! ите документи од апликацијата освен препораката/препораките од професор мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de), 

!!! https://www.daad.de/sapportal/hilfe/hb_download/en.html - инструкции како се користи порталот !!! 

По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (Application Summary/ Bewerbungszusammenfassung). Во Германската амбасада во Скопје се доставува една копија од апликацијата.

За да апликацијата Ви е комплетна морате следните документи да ги прикачите онлајн во  во pdf. формат на порталот: 

1. Формулар (формуларот ќе го добиете по вашата регистрација на порталот на ДААД)


2. Биографија/CV 
(не постои конкретен формат)



3. Опис на истражувањето (Project proposal)

4. Детален план за место и временска рамка на истражувањето


5. Листа на публикации


6. Покана од германската институција



Доколку имате какви било технички проблеми, ве молиме контактирајте ја техничката служба: portal@daad.de !!!



Неколку технички упатства:
- документите не треба да се хефтаат, нити поврзуваат со спојки .
- копиите/скеновите на документите треба да се еднострани и на формат А4 (ова важи особено за дипломата за завршено средно образование, не треба да е на А3 формат, преклопена, туку секоја страна од дипломата да се ископира/скенира на А4, еднострано)
- документите можете да ги доставете во еден, два или три коверти

Рокот за аплицирање е 15. ноември за престои до 3 месеци во период од јуни до ноември наредната година или пак доколку аплицирате на вториот рок до 30. април за престои до 3 месеци во период од декември истата година до мај месец следната година, документите се поднесуваат во Германската амбасада во Скопје (не мора лично, може и по пошта). Ги молиме оние, кои ќе ги поднесат апликациите директно во Германската амбасада (не по пошта), да ги достават сите документи во отворен (незалепен) плик, на следната адреса:

Германската амбасада Скопје 
ул. Леринска бр. 59
1000 Скопје

Не потребно да закажувате термин за доставување на документите, бидејќи портирницата на амбасадата работи 24/7!!!


По пристигнувањето на документите, апликациите се испраќаат во ДААД во Бон, посебна комисија одлучува по апликациите. Одоговорите се добиваат на пролет, кон крајот на месец април.


https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=5&origin=74&subjectGrps=G&daad=&q=&page=1&detail=50015456


Податоците кои се наведени овде може да подлежат на промени, затоа препорачуваме да се информирате на следнава страна 
https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?status=1&origin=74&subjectGrps=A&daad=&intention=&q=&page=3&back=1