DAAD

DAAD

Постдипломски студии во Германија



Постдипломски студии во Германија

За овој вид на стипендија може да аплицираат веќе дипломирани кандидати, чија диплома од додипломски студии не е постара од 6 години, како и апсолвенти. Доколку кандидатот се школувал во друга земја и не е вратен во Македонија повеќе од 1 година, треба да аплицира за стипендија од ДААД во земјата кадешто ги завршил студиите. Кандидатите што се запишани на постдипломски студии во Германија, а сакаат да аплицираат за стипендија за следната година од студии, може да аплицираат доколку немаат престој во Германија подолг од 15 месеци.


Кандидатот сам бара и бира што и каде би сакал да студира во Германија, услов е да се работи за студиска програма, која почнува во зимскиот семестар наредната година, да не е онлајн програма и студиите да се одвиваат само во Германија, односно ако дел од семестар се престојува вон Германија, тој престој не треба да биде подолг од 25% од вкупното времетраење на студиите. За пребарување на факултети може да Ви помогне следниов линк:


www.daad.de/idp


За да се аплицира за стипендија од ДААД, првиот чекор е кандидатот сам да најде студиски програми во Германија (до 3), каде што би сакал да ги продолжи своите студии и да ги контактира (особено важно доколку областа на студии се разликува од завршените студии) за да добие потврда дека ги исполнува условите за запишување на постдипломски студии таму. Одговорот оттаму следува во вид на официјална потврда за подобност или пак потврда по мејл.
Целиот процес за аплицирање и комуницирање (добивање на е-пошта, одговори или барања) се одвива преку https://portal.daad.de - КОПИРАЈТЕ ГО ЛИНКОТ !!! (сите документи од апликацијата освен препораката/препораките од професор мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de), 

!!! https://www.daad.de/sapportal/hilfe/hb_download/en.html -инструкции како се користи порталот !!! 

По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (Application Summary/Bewerbungszusammenfassung). 


За да апликацијата Ви е комплетна морате следните документи да ги прикачите онлајн во  во pdf. формат на порталот: 

1. Формулар од интернет - Application form (овој формулар ќе го добиете по вашата регистрација на ДААД-порталот и откако ќе ги следете неколкуте чекори)

2.    Биографија/CV (не постои конкретен формат)

3.    Мотивациско писмо (не повеќе од 3 страни)

4. Детални информации за избраните студиски програми (до 3 студиски програми, профил, времетраење, цена - принт од интернет страницата на факултетите)



5. Формулар за избраните студиски програми/ опис на програмите во кратки црти (актуелна верзија на формуларот: Information about your preferred master programmes  (користете го овој формулар)


6. Потврда за контакт со факултетот (преписка по електронски пат/ Letter of eligibility/vorläufige Zulassung/мејл без добиен одговор со обид да се контактира факултетот)

7.    1 актуелна препорака од професор од факултет - пополнет формулар: http://www.daad.de/imperia/md/content/de/foerderung/recommendation.pdf (препораката е единствениот документ кој не се прикачува на порталот, се доставува одделно во затворен коверт; актуелна верзија на формуларот може да најдете на порталот по регистрирањето)

8. Уверение од факултет со оценки за положени испити (обична копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар


9. Диплома за завршено средно образование/матура (обична копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар


10.  Потврда за познавање на германски и англиски јазик (потврда од посетуван курс во приватно училиште за странски јазици, потврда од професор/ка на факултет, доколку сте слушале германски/англиски јазик и нема официјален модел на потврда)


11. други потврди, сертификати, препораки (пракса, работа и сл.) (обична копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар.


*Доколку аплицирате за стипендија за втората година од студиите, ги доставувате истите документи, при што наместо информации за трите избрани програми, потребни се информации за програмата каде што сте веќе запишани и  потребна е потврда дека сте веќе примени на факултет!!!

За какви било технички проблеми, ве молиме контактирајте ја техничката служба: portal@daad.de !!!

Стипендијата покрива МЕСЕЧЕН надомест за стипендистот од 850,- Евра.

Доколку вашите студии се на англиски јазик и немате познавање на германски јазик воопшто или пак под А2 ниво, тогаш потребно е да дојдете во нашата канцеларија, за да лекторката Ви издаде документ (секако со претходно најава за посета). За студентите кои имаат познавање на германски јазик над А2 ниво се одржува тестирање OnDaF + OnSeT. За студентите кои ќе студираат на германски, а немаат официјална диплома и за нив ќе има OnDaF тестирање.
Што се однесува до официјалните сертификатите за познавање на јазик, кои ги бара факултетот, за апликацијата за стипендии не е неопходен, но пожелен, при контактирањето со факултетот прашајте каков вид на сертификат и со кое ниво на познавање на јазикот би Ви барале кога би дошол моментот на аплицирање кај нив.

По поднесувањето на документите се организира бесплатен тест за германски и англиски, за оние кои имаат какво било познавање од германскиот и англискиот јазик, потоа се разгледуваат апликациите од страна на комисија, дел од кандидатите потоа се повикуваат на интервју во текот на јануари/февруари. Резултатите за тоа кои кандидати се добитници на стипендија се добиваат на пролет, кон средината на април. Тоа е токму периодот во кој веднаш би можеле да аплицирате на факултетот во Германија.
Значи, целиот процес на аплицирање е административен, освен контактот кој би било пожелно да го остварите со факултетот/факултетите.

Неколку технички упатства:

Рокот за аплицирање за стипендиите кои ги доделува ДААД за постдипломски студии е од 15. септември до 15. ноември секоја година и се однесува за следната академска година. Документите не се поднесуваат во Германската амбасада! 
Потребно е САМО доставување на оригинал препораката од профоесор, на ДААД пораталот, на следнава адреса:
DAAD
Referat ST21 - Ostmitteleuropa, Südosteuropa, Türkei
Kennedyallee 50
53175 Bonn

Информациите кои се наведени овде може да подлежат на измени, така што Ве молиме да се информирате на https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?status=1&origin=74&subjectGrps=A&daad=&intention=&q=&page=3&back=1