DAAD

DAAD

Докторски студии/истражувачки престој


Докторски студии/истражувачки престој



За овој вид на стипендија може да аплицираат:
- веќе магистрирани кандидати, чија диплома од магистерски студии не е постара од 6 години - кандидати, кои се на крај со магистерските студии, кои аплицираат за полни докторски студии во Германија 
- кандидати кои се веќе запишани на докторски студии во Македонија или Германија и сакаат да одат на истражувачки престој во Германија во времетраење од 1-6, односно 7-10 месеци

ДААД доделува стипендии за полни докторски студии доколку се работи за исклучително ректа област/студиска насока/.


Кандидатот сам бара и бира што и каде би сакал да студира во Германија, услов е да се работи за студиска програма, која почнува во зимскиот семестар наредната година, да не е онлајн програма и студиите да се одвиваат само во Германија, односно ако дел од семестар се престојува вон Германија, тој престој не треба да биде подолг од 25% од вкупното времетраење на студиите. За пребарување на факултети може да Ви помогне следниов линк:




За да се аплицира за стипендија од ДААД, првиот чекор е кандидатот сам да најде студиска програма во Германија, каде што би сакал да ги продолжи своите студии, и да стапи во контакт со нив. Преку контактот со факултетот ќе дознаете што е потребно да им доставите, можеби кус опис на темата, областа, истражувањето, експозе и сл. Оттаму треба, може и по е-пошта, како одговор на Ваш допис, да Ви испратат еден вид потврда дека може да аплицирате кај нив, дека формално ги исполнувате условите.



Називот на стипендијата, којшто треба да го барате на порталот и подетални информации на англиски и германски јазик на следните линкови: 

1. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=4&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=1&detail=57135739 / 2. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=57135739&origin=74&page=1&q=&status=4&subjectGrps; 1. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=4&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=1&detail=50015434 / 2. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=50015434&origin=74&page=1&q=&status=4&subjectGrps; 1. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=4&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=1&detail=57140602 / 2. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=57140602&origin=74&page=1&q=&status=4&subjectGrps= 


Целиот процес за аплицирање и комуницирање (добивање на е-пошта, одговори или барања) се одвива преку https://portal.daad.de КОПИРАЈТЕ ГО ЛИНКОТ !!! ите документи од апликацијата освен препораката/препораките од професор мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de), 

!!!https://www.daad.de/sapportal/hilfe/hb_download/en.html - инструкции како се користи порталот !!! 

По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (Application Summary/Bewerbungszusammenfassung). Во Германската амбасада во Скопје се доставува една копија од апликацијата заедно со препораките од професори.

За да апликацијата Ви е комплетна морате следните документи да ги прикачите онлајн во  во pdf. формат на порталот: 

1. Формулар од интернет - Application form (овој формулар ќе го добиете по вашата регистрација на ДААД-порталот и откако ќе ги следете неколкуте чекори)

2.   Биографија/CV (не постои конкретен формат)

3.   Мотивациско писмо (не повеќе од 3 страни)

4.   Експозе (за кандидатите кои аплицираат за истражувачки престој)

5. Детален план за место и временска рамка на истражувањето (за кандидатите кои аплицираат за истражувачки престој)



6.   Потврда за контакт со факултетот (потврда од ментор)




7. Информации за избраните студиски програми (профил, времетраење, цена - принт од интернет страницата на факулетите)


8. 2 актуелни препораки од професор од факултет (потполен формулар http://www.daad.de/imperia/md/content/de/foerderung/recommendation.pdf(препораката е единствениот документ кој не се прикачува на порталот, се доставува одделно во затворен коверт; актуелна верзија на формуларот може да најдете на порталот по регистрирањето)


9. Потврда за запишани докторски студии (за кандидатите кои аплицираат за истражувачки престој, копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар
  
10. Диплома и уверение од факултет, со оценки за положени испити, од магистерски студии (копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар

11. Диплома и уверение од факултет, со оценки за положени испити, од додипломски студии (копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар

12. Диплома за завршено средно образование/матура (копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар

13.  Потврда за познавање на германски и англиски јазик (потврда од посетуван курс во приватно училиште за странски јазици, потврда од професор/ка на факултет, доколку сте слушале германски/англиски јазик и нема официјален модел на потврда)

14. други потврди, сертификати, препораки (пракса, работа и сл.) (копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар

15.  Листа на публикации (доколку имате)

За какви било технички проблеми, ве молиме контактирајте ја техничката служба: portal@daad.de !!!

Стипендијата покрива МЕСЕЧЕН надомест за стипендистот од 850,- до 1000,- Евра, здравствено осигурување, како и паушал за патни трошоци во висина до 250,- евра.

Што се однесува до сертификатите за познавање на јазик, за апликацијата за стипендии не е неопходен, но пожелен, при контактирањето со факултетот прашајте каков вид на сертификат и со кое ниво на познавање на јазикот би Ви барале кога би дошол моментот на аплицирање кај нив.

По поднесувањето на документите се организира бесплатен тест за германски и англиски јазик, за оние кои имаат какво било познавање од јазиците, потоа се разгледуваат апликациите од страна на комисија, дел од кандидатите потоа се повикуваат на интервју во текот на месец февруари. Резултатите за тоа кои кандидати се добитници на стипендија се добиваат во април. 


Неколку технички упатства:
- документите по можност да не се хефтаат, туку да се поврзат со спојка (освен преводите).

- копиите на документите треба да се еднострани и на формат А4 (ова важи особено за дипломата за завршено средно образование, не треба да е на А3 формат, преклопена, туку секоја страна од дипломата да се ископира на А4, еднострано)
- документите можете да ги доставете во еден, два или три коверти

Рокот за аплицирање за стипендиите кои ги доделува ДААД за докторски студии или истражувачки престој е од 15. септември до 15. ноември секоја година и се однесува за следната академска година, односно за истражување по јуни следната година. (за истражувачки престои до 6 месеци), односно од октомври (за престои подолги од 7 месеци) Документите се поднесуваат во Германската амбасада во Скопје (не мора лично, може и по пошта) во 1 примерок. Ги молиме оние, кои ќе ги поднесат апликациите директно во Германската амбасада (не по пошта), да ги достават сите документи заедно во отворен (незалепен) плик, на следната адреса:

Германска амбасада Скопје
ул. Леринска бр. 59
1000 Скопје

Не потребно да закажувате термин за доставување на документите, бидејќи портирницата на амбасадата работи 24/7!!!


Информациите кои се наведени овде може да подлежат на измени, така што Ве молиме да се информирате на https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?status=1&origin=74&subjectGrps=A&daad=&intention=&q=&page=3&back=1