DAAD

DAAD

Летен јазичен курс во Германија

Летен јазичен курс во Германија

За овој вид на стипендија може да аплицираат студенти од втора или трета година на додипломски студии (кај 4-годишни студии) или од втора година (кај 3-годишни студии), кои веќе имаат претходно познавање на германскиот јазик. Потребно е ниво A2.

Стипендијата ги покрива патните трошоци (до 250,- евра), 950,- евра надомест за стипендистот. Разликата за курсот треба да ја доплатите сами.


Рокот за аплицирање за овој вид на стипендија е 1. декември.



На линкот:

http://www.daad.de/deutschland/deutsch-lernen/sommerkurse/00490.de.html  или http://www.daad.de/deutschland/studienangebote/sommerkurse/en/ кандидатот треба да одбере кој курс по германски јазик би сакал да го посетува во периодот од јули и август следната година.


Називот на стипендијата, којшто треба да го барате на порталот и подетални информации на англиски и германски јазик на следните линкови: (1. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/en/21148-scholarship-database/?status=3&origin=74&subjectGrps=&daad=1&q=&page=3&detail=50035295 / 2. https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?daad=1&detail=50035295&origin=74&page=3&q=&status=3&subjectGrps= ). 

Сите документи  мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de, 

Целиот процес за аплицирање и комуницирање (добивање на е-пошта, одговори или барања) се одвива преку https://portal.daad.de КОПИРАЈТЕ ГО ЛИНКОТ !!! ите документи од апликацијата мора да се прикачат на порталот на ДААД: https://portal.daad.de), 


!!! https://www.daad.de/sapportal/hilfe/hb_download/en.html - инструкции како се користи порталот !!! 

По прикачување на сите документи, порталот сам генерира документ во pdf. формат (Application Summary/Bewerbungszusammenfassung). Во Германската амбасада во Скопје се доставува 1 копија од апликацијата.



За да апликацијата Ви е комплетна морате следните документи да ги прикачите онлајн во  во pdf. формат на порталот: 

1.   Формулар од интернет - Application form (овој формулар ќе го добиете по вашата регистрација на ДААД-порталот и откако ќе ги следете неколкуте чекори)

2.   Биографија/CV на германски јазик (не постои конкретен формат)

3.   Мотивационо писмо на германски јазик (не повеќе од 3 страни)

4.  Уверение со досега положените испити (копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар
5. Диплома за завршено средно образование/матура (копија и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени кај нотар

6. Потврда за познавање на јазик (копија од оригиналот и превод од судски преведувач на германски јазик), незаверени на нотар

7.  Други сертификати, препораки, потврди и сл. (копија од оригиналот и превод од судски преведувач, на англиски или германски јазик), незаверени на нотар

За какви било технички проблеми, ве молиме контактирајте ја техничката служба на порталот: portal@daad.de !!!


Неколку технички упатства:
- документите не треба да се хефтаат, може да се поврзат со спојка.

- Копиите на документите треба да се еднострани и на формат А4
(ова важи особено за дипломата за завршено средно образование, не треба да е на А3 формат, преклопена, туку секоја страна од дипломата да се искенира на А4, еднострано)
- документите можете да ги доставете во еден, два или три коверти

Рокот за аплицирање за стипендиите кои ги доделува ДААД за летен јазичен курс студии е од 17септември до 1декемвриДокументите се поднесуваат во Германската амбасада во Скопје (не мора лично, може и по пошта) во 1 примерок. Ги молиме оние, кои ќе ги поднесат апликациите директно во Германската амбасада (не по пошта), да ги достават сите документи во отворен (незалепен) плик, на следната адреса:

Германска амбасада Скопје
ул. Леринска бр. 59
1000 Скопје

Не потребно да закажувате термин за доставување на документите, бидејќи портирницата на амбасадата работи 24/7!!!

Информациите кои се наведени овде може да подлежат на измени, така што Ве молиме да се информирате на https://www.daad.de/deutschland/stipendium/datenbank/de/21148-stipendiendatenbank/?status=1&origin=74&subjectGrps=A&daad=&intention=&q=&page=3&back=1