DAAD

DAAD

Mittwoch, 23. November 2016

OnDaF и OnSeT тестирање - 2016/17

Драги кандидати за ДААД-стипендија,

OnDaF и OnSeT 
тестовите за сите кандидати што ќе бидат избрани од првичниот избор за стипендија за постдипломски студии, како и за сите кандидати за стипендија за летен јазичен курс ќе се одржи на 14.01.17 (сабота) во Seavus Education Centеr
http://www.sedc.mk/contact-us/

Покана за тестирањето и дополнителни информации во врска со тестирањето ќе добиете на е-пошта. 

Со почит,
ДААД-Лекторат Скопје, Канцеларија за врски

Mittwoch, 2. November 2016

Интервју за кандидатите за постдипломски студии

Драги кандидати за ДААД-стипендија,

интервјуата за кандидатите за стипендија за постдипломски студии ќе се одржат во период од 15 до 17.02.2017 година во Германската амбасада во Скопје.

Покана за интервју и дополнителни информации во врска со тестирањето ќе добиете на е-пошта.


Со почит,
ДААД-Лекторат Скопје

Канцеларија за врски

Mittwoch, 19. Oktober 2016

Презентација на можностите за студирање во Германија со стипендија од Германската служба за академска размена (ДААД) во Скопје

Почитувани,

во четврток (20.10.16) од 12:30 часот ќе се одржи презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД) на Бизнис академија Смилевски - БАС во Скопје.

Со почит,
ДААД-Лекторат, Скопје

Montag, 17. Oktober 2016

Презентација на можностите за студирање во Германија со стипендија од Германската служба за академска размена (ДААД) во Тетово

Почитувани,

во вторник (18.10.16) од 12 часот ќе се одржи презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД) во предавална LH3 при Универзитетот на Југоисточна Европа (South East European University) во Тетово.

Со почит,
ДААД-Лекторат, Скопје

Dienstag, 4. Oktober 2016

Презентација на можностите за студирање во Германија со стипендија од Германската служба за академска размена (ДААД) во Битола

Почитувани,

во понеделник (17.10.16) од 12 часот ќе се одржи презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД) на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола

Со почит,
ДААД-Лекторат, Скопје

Презентација на можностите за студирање со стипендија преку Германската служба за академска размена (ДААД)

Почитувани,

во среда (12.10.16) од 16 часот ќе се одржи презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД) во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Со почит,
ДААД-Лекторат, Скопје

Donnerstag, 29. September 2016

работно време

Почитувани,

во понеделник (03.10.) канцеларијата на Германската служба за студентска размена ќе биде затворена.

Со почит,
ДААД- Лекторат, Скопје